Connect with us

Фудбал

Италијански репрезентативец вмешан во голем обложувачки скандал

Во склоп на акцијата „Oikos“ во Шпанија се уапсени две лица, а шпанските медиуми имаа огромни документации кои откриваат актери и детали за наместени натпревари.

Во Шпанија беше предизвикан голема афера поради сомневање на натпреварите во Ла Лига во финишот на сезоната, а под посебна лупа беше натпреварот на Валенсија во борба за Лигата на шампионите.

Во скандалот е вмешан и италијански репрезентативец и напаѓачот на Лацио Имобиле, чие име се споменува и во телефонските разговори помеѓу две личности кои беа уапсени во операцијата „Oikos“.

Еден од учесниците кажа дека Имобиле редовно и илегално се обложуваше, а неговиот адвокат набрзо ги негираше таквите наводи.

„Категорички негираме било каква вмешаност во наместени натпревари. Имобиле веќе ми кажа да преземам правни мерки против секој кој на ваков начин му штети на неговиот углед, имиџ, и на професионалното достоинство. Ги предупредувам сите да престанат да шират вести кои се лажни и погрдни“, рече адвокатот на Имобиле.

Во трнаскриптата која протече, прво објавена во „Marca“, а потоа и во другите шпански медиуми, исто така се споменуваат играчи на Фросиноне, кој испадна во Серија Б.