Connect with us

Фудбал

Италијанските клубови ќе загубат неверојатни 700 милиони евра

Според пресметките, доколку Серие А не се доигра, италијанските клубови ќе загубат приближно 700 милиони евра. Врз основа на домашни и странски ТВ права, сметајќи го и Купот на Италија, сумата би била 430 милиони евра.

Дополнителни губитоци се на име на непродадени влезници, сувенири и слично, па вкупната сума би била околу 700 милиони евра. Италијанските клубови во еден ваков случај ќе побараат помош од италијанската Влада и Министерството за спорт.