Connect with us

Фудбал

Италијанците тврдат: Милан и Јувентус денеска добија нови тренери – Кој направил подобар избор?

Одамна нема поголема побарувачка за тренери на фудбалскиот пазар бидејќи голем број од најреномираните екипи во моментов бараат решение за клупата, а се чини дека италијанските гиганти Милан и Јувентус најдоа нови тренери. Како што пренесоа денеска италијанските медиуми, Милан во следната сезона ќе го води Португалецот Пауло Фонсека, додека Тиаго Мота ќе биде тренер на Јувентус. Уште пред неколку недели, кога веќе се знаеше дека Масимилијано Алегри ќе си замине од клупата, Јувентус тргна по тренерот на Болоња, Тиаго Мота.

Како што информира угледниот Фабрицио Романо, двете страни се договориле за соработка и брилијантниот Мота, кој ја предводеше Болоња до Лигата на шампионите, ќе потпише договор со Старата дама до јуни 2027 година. Од друга страна, навивачите на Милан нема да бидат толку задоволни бидејќи нов тренер ќе им биде Пауло Фонсека. Португалскиот стручњак не успеа да покаже ништо за време на епизодата во Италија кога беше тренер на Рома, а сега пристигнува од Лил со кој заврши на четвртата позиција во Франција.