Connect with us

Фудбал

Итен состанок во Челзи поради понудата од Барселона

Рускиот тајкун Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, закажа итен состанок поради Вилиан.

Бразилецот е на мета на Барселона, која е навистина упорна и веќе трет пат испраќа понуда на адреса на „Плавите“, а последната е „тешка“ 72 милиони евра.

Челзи одолеа на многуте понуди, но очигледно дека случајот сега се менува, па Абрамович закажа итен состанок, а причината секако е Вилиан.

И Манчестер Јунајтед го сака Њилиан, но Роман попрво би го продал на Барса, него на својот конкурент во премиер лигата. Сопственикот на Челзи спремен е преговара со „Каталонците“ околу трансферот на овој играч кој беше навистина брилијантен во минатата сезона.

Доколку ги заработат овие пари од продажбата на Вилијан, „Плавите“ ќе тргнат во акција за да го доведат Ругани, Игуаин и фудбалерот од средниот ред на ЦСКА Головин, додека покрај Вилиан би требало да замине и голманот Тибо Куртоа, а неизвесна е и судбината на Еден Азар.