Connect with us

Фудбал

Итно го побара тоа на летниот пазар, еве го првиот блеф на Конте во Интер

Антонио Конте бележи доста добри резултати на почетокот на оваа сезона со својот Интер, освојувајќи 18 бодови во Серија А од можни 21 и е на само еден бод од Јувентус.

Сепак, сè не помина според плановите на италијанскиот стратег. Едно од барањата на Конте беше Валентино Лазаро. Поранешниот крилен напаѓач на Херта Берлин дојде во Интер за повеќе од 20 милиони евра, но допрва треба да го направи своето деби во првенството.

Единствениот официјален натпревар кој Лазаро го игра со дресот на Интер е во Лигата на шампионите против Славија Прага, каде влезе од клупата. Во италијанските медиуми се шпекулираше дека можеби ќе имаме заем на Херта во јануари, но австрискиот агент го негира тоа.

„Она што се зборува во медиумите е апсурдно. Лазаро дојде во Интер за Конте“.

Ова беа зборовите на агентот на 23-годишниот фудбалер. Можеби ситуацијата може да се смени, но во моментот се чини дека Конте блефира со Валентино Лазаро …