Connect with us

Фудбал

Изчезна насмевката од лицето – Египќаните објаснија зошто Салах е во криза оваа сезона

Мохамед Салах минатата сезона го одушеви фудбалскиот свет со своите настапи во дресот на Ливерпул и заслужено е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

Со одличните игри Салах влезе во конкуренција најдобар играч на светот. Меѓутоа, оваа сезона Салах е далеку од формата која ја имаше минатата година, па многумина се сигурни дека Салах тешко ќе ја достигне формата која ја имаше минатата година.

Межутоа, од аналитичарите во Егиет одлучи да објасни зошто Салах не игра најдобро оваа сезона. Ахмад Јусеф важи за фудбалски експерт во Египет, кој порача дека воопшто не е чудно што Салах е надвор од форма, а за тоа понуди три причини.

„Потојат три причини поради кои Салах не може да биде фокусиран на теренот и не е добар како минатата сезона. Тука се правата за фотографијата околу кои се спори во Египет, повредата од Рамос и начинот на кој го третираа во египетскиот сојуз во текот на Мундијалот. Сето тоа комбинирано му ја уништи мотивацијата и самодовербата. Нешто се случило ова лето и по него се гледа дека ја нема таа насмевка која го красеше во минатата сезона. Се надевам дека сето тоа што побрго ќе се реши“, порача Јусеф.