Connect with us

Фудбал

Изненадувачка одлука на раководството на Баерн за наследник Хајнкес

Германскиот шампион Баерн веќе размислува за наследник Јуп Хајнкес, а името кое се врти во германските медиуми е во најмала рака изненадување за фановите на клубот. Се работи за тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх. Според „Билд“, двете страни веќе спровеле првични разговори во февруари.

Како што е познато, 72-годишниот Хајнкес има договор само за крајот на сезоната и не сака да го обнови. Тој постојано вели дека му недостига неговата сопруга и омиленото куче. Затоа, по крајот на сезоната, сегашниот тренер на Баерн ќе се врати на неговата фарма во регионот Нидереин.

Самиот Хајнкес го препорачал 52-годишниот Штрајх како негов наследник. Тренерот на Баерн го пофалил неговиот колега пред натпреварот помеѓу двете екипи на „Шварцвалд Стадион“.

– Ми се допаѓа неговиот стил на работа и како ги третира играчите. Тој нема само физичко присуство туку и психолошко и лично во соблекувалната. Кристијан е неверојатен тренер. Тој 23 години работи во Фрајбург и цело ова време е навикнат да прави конкурентен тим во тешки услови, бидејќи поголемите клубови му ги земаат најдобрите играчи. Сепак, тој успеа да го одржи нивото на својот тим во Бундеслигата, призна Јуп Хајнкес.

Самиот Штрајх не крие дека би можел да размисли за варијанта да работи за друг германски клуб. Во интервјуто за „Ди Велт“ во 2013 година, тој рече: „За две или три години можеби ќе бидам во Минхен!“

Но, тогаш тој имаше во предвид Минхен 1860а, а не Баерн.