Connect with us

Фудбал

Изненадувачки трансфер на Бруно Фернандеш? Преговорите се во тек

Откако Кристијано Роналдо ја прифати понудата од Ал Наср вредна 200 милиони евра по сезона, Саудиска Арабија стана омилена дестинација за многу фудбалски ѕвезди. Наскоро во неа можевме да го видиме капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Богатите клубови од Саудиска Арабија им понудија огромни суми на играчите за да ги привлечат во нивната лига, а бројот на оние кои ги прифатија овие понуди продолжува да расте. Карим Бензема, Нејмар, Ријад Махрез, Марсело Брозовиќ, Садио Мане, Малком, Рубен Невес, Фабињо… се само дел од имињата кои ги засилија тамошните клубови.

Дали Фернандеш е следен, останува да се види, но според англиските медиуми, Саудискиот јавен инвестициски фонд (PIF), кој има мнозински удел во Ал Наср, Ал Хилал, Ал Итихад и Ал Ахли, сака да го донесе Фернандес. Се најавува почеток на преговори со неговите претставници.

Португалскиот играч за врска пристигна во Јунајтед во јануари 2020 година за фиксна сума од 55 милиони евра и дополнителни 25 милиони преку бонуси. Спортинг, од кој го направи трансферот, има право на 10 отсто од неговата следна продажба. За гигантите од Олд Трафорд одигра 200 натпревари со учинок од 67 гола и 57 асистенции, а договорно е врзан за него до крајот на јуни 2026 година.