Connect with us

Фудбал

Изненадување: Јунајтед започна преговори со „отпишаниот“ напаѓач на Реал Мадрид

Суперагентот Жорже Мендеш веќе е во преговори со Манчестер Јунајтед за условите под кои Хамес Родригез би се префрлил на „Олд Трафорд“. Според „АС“, Колумбиецот, чиј договор истекува во 2021 година, може да се купи за 40 милиони евра.

Самиот Мендеш во интервју за колумбиското радио изјави дека Хамес сам ќе ја донесе одлуката, но дека верува оти фудбалерот треба да го напушти Реал Мадрид.

Дваесет и девет-годишниот Хамес, кој играше во Баерн Минхен изминатите две сезони, има само седум натпревари во Ла Лига од почетокот на сезоната.