Connect with us

Фудбал

Изненадување во Барселона: „Десетката на Меси“ ќе ја носи играч кој e вишок во клубот?!

Фудбалерите на Барселона од утре почнуваат со подготовките за новата сезона, а вниманието на шпанските медиуми го привлекоа кој каков број ќе носи во следната сезона.  Допрва ќе се дефинира како ќе изгледа тимот со новиот тренер Ханси Флик, а за очекување е одреден број на засилувања да се усогласат со финансиските можности.

Она што ги интересираше шпанските медиуми се бројките на играчите. Седум броја останаа празни во клубот, а ќе се пополнат со играчи кои се враќаат од позајмици и евентуални засилувања. Но, најинтересно е што „најважниот“ број во тимот ќе го носи играч кој е вишок на Камп Ноу. Станува збор за Ансу Фати, млад офанзивец кој се враќа од позајмица во Брајтон и кој следната сезона ќе ја носи „десетката“ во Барселона.