Connect with us

Други спортови

Изнер подобар од Дел Потро на Мастерсот во Париз

Американецот Џон Изнер успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Париз, откако попладнево во 1/4 финалето по три сета игра го победи Хуан Мартин дел Потро со 2-1 во сетови (6:4; 6:7 (5:7) и 6:4).

Со овој пораз дел Потро ги загуби шансите за пласман на завршниот Мастерс во Лондон.

За разлика од него Изнер, кој се наоѓа на 16. место на АТП листата има шанса за учество на тој турнир, но потребно е да го освои Мастерсот во Париз.

Негов следен ривал ќе му биде Србинот Филип Крајиновиќ, кој се пласира во полуфиналето откако Рафаел Надал го откажа настапот во денешеното четвртфинале поради повреда.

Во другите два четвртфинални меча ќе играат: Жулиен Бенето – Марин Чилиќ и Фернандо Вердаско – Џек Сок.