Фудбал
Ја бакна топката и заработи казна
Аргентинскиот фудбалер Серхио Лопез успеа да заработи казна бидејќи ја бакна топката со која се играше натпреварот.
31-годишниот играч за врска наскоро ќе биде „олеснет“ за околу 1.100 евра поради своите постапки.
Серхио Лопез игра за Аукас во еквадорскиот шампионат, а минатиот петок му помогна на својот тим да победи со 1:0 над Макар.
Сепак, Лопез реши да ја прослави победата на својот тим земајќи ја топката во рацете и бакнувајќи ја. Со тоа ги прекрши строгите правила насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот, кои се применуваат во еквадорскиот фудбал.
Еквадорската федерација реагираше навремено и го казни со парична казна.
Петмина фудбалери во еквадорскиот фудбал претходно беа казнети со слични казни за размена на дресови по натпреварите.
Во Еквадор, земја со 17 милиони жители, досега се пријавени повеќе од 114 000 случаи на коронавирус.