Connect with us

Фудбал

“Ја молев мајка ми да ми го смени името во Роналдо. Добро што не го направи тоа!”

Харви Вејл (18) неодамна дебитираше за Челзи во натпревар од Карабао купот.

Томас Тухел е многу сигурен во н еговите квалитети, а првите минути во сениорскиот тим за Челзи беа кулминација на неговата посветена работа и добрите игри во последно време.

Вејл сега забележа нов настап за „Плавите“ во победата од 2:0 над Тотенхем во првиот натпревар од полуфиналето на Карабао купот. Имаше шанса во еден момент наместо „Вејл“ на грбот да го носи „Роналдо“.

Како тинејџер, Харви ја молел мајка си да му го смени името во Роналдо бидејќи го обожавал Португалецот. Иако веќе пет години игра за Челзи, младиот фудбалер е навивач на една од легендите на Манчестер Јунајтед.

„Мојот фудбалски идол дефинитивно беше Кристијано Роналдо. Кога бев мал, ја молев мајка ми да ми дозволи да го сменам името во Роналдо, но гледајќи наназад, мило ми е што не ми дозволи“, изјави Вејл за официјалниот сајт на Челзи.

Фудбалерот физички потсетува на својот херој Кристијано Роналдо и сака да тргне по неговите стапки. Првиот чекор е направен.

Со само 18 години, Харви Вејл се покажа како најдобар играч на У23 тимот на Челзи, а Томас Тухел го покани да тренира со сениорскиот тим. Набрзо дојде и дебито за сениорите на актуелниот европски шампион.

Тој игра како офанзивен играч за врска и досега настапуваше за сите помлади селекции на англиската репрезентација, а важи за еден од најталентираните англиски фудбалери во својата генерација.