Фудбал
Ја одби понудата на Звезда, бидејки неговата сопруга не сака да живее во Србија
Белградска Црвена Звезда остана без планираниот напаѓач.
Томер Хамед (31) беше чекор подалеку од доаѓањето во редовите на српскиот шампион, но од овој трансфер на крајот нема биде ништо.
Сопругата на израелскиот репрезентативец одлучи. Според српските медиуми, таа не сака да живее во Србија, а Хамед е принуден да ја отфрли понудата на Звезда.
Црвено-белите од Белград се свртуваат кон други опции. Голема желба е поранешниот напаѓач на овој тим Ричмонд Боаки, но засега нема информации за потенцијалниот трансфер на овој играч.
Боаки има желба да се врати од Кина во Белград. Сепак, тимот на Јиангсу Сунинг засега не е подготвен да го пушти и многу тешко Звездата ќе стигне до него.
Од друга страна, Хамед ќе бара уште еден клуб, бидејќи повеќе не ги сметаат на него во Брајтон.