Connect with us

Фудбал

Јаја Туре: Сити сега има карактер како Барса и Реал

Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре, истакна дека „граѓаните“ во следната сезона треба да се борат за успех во Лигата на шампионите.

Јаја Туре се прости од навивачите на Манчестер Сити во Етихад во средата по натпреварот со Брајтон.

„Јас сум среќен. Луѓето мислат дека би требало да биде тажна, но јас не сум. Задоволен сум, бидејќи јас имам што да оставам во наследство“, изјави поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.

Како следната цел за Сити, тој истакна успех во Лигата на шампионите.

„Кога изгубивме во 2011 година, во соблекувалната се смеевме. Не сум бил задоволен за тоа. Сега, кога ќе изгубиме или ќе ремизираме, сите се тажни или лути. Тој менталитет ни е потребен. Тоа е карактер со кој може да се бори со Барселона или Реал Мадрид. Се надевам дека следната сезона ќе биде подобра“, додаде Туре.

Во последното коло, новите шампиони на Премиер лигата ќе играат против Саутемптон.