Connect with us

Други спортови

Јеглиќ го објасни својот позитивен примерок за допинг

Напаѓачот од словенечкиот национален тим во хокеј на мраз, Жига Јеглиќ го објасни позитивниот допинг примерок за време на Игрите во Пјонгчанг со употреба на лек против астма што пропуштил да го пријави.

Јеглиќ беше фатен со забранетата супстанца „фенотерол“ и е суспендиран од олимписките натпревари, откако не зеде учество при денешниот пораз со 1:2 по продолжение од Норвешка во осминафиналето.

– Ја го земам овој лек поради астма со рецепт од лекар. Тој ми беше препишан по направени тестови во Словенија минатата година. За жал сум заборавил да го објавам во листата на препаратите со терапевтски исклучоци. Станува збор за невнимание од моја страна. Им се извинувам на сите, посочи словенечкиот репрезентивец.