Connect with us

Фудбал

Јирген Клоп достигна вреден рекорд

Ливерпул го совлада Интер со 0:2 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Избраниците на Јирген Клоп ги казнија промашувањата на Интер и остварија добра предност во однос на реваншот на Енфилд.

По синоќешниот натпревар, Јирген Клоп двапати имаше причина да слави.

Тренерот на Ливерпул стана првиот германски тренер кој стигнал до својата 50-та победа во натпреварите од Лигата на шампионите.

Клоп има и три финалиња во Лигата на шампионите. Два загуби, еден со Борусија, еден со Ливерпул, додека Ливерпул еднаш го водеше до титулата.

Според формата и актуелниот ростер „Црвените“ и оваа сезона ќе бидат најсериозните кандидати за освојување на Лигата на шампионите.