Фудбал
Јирген Клоп фрлил око на италијански фудбалер од 90 милиони евра, го сака по секоја цена
Трансферот на Нуњез со бонуси ќе изнесува околу 100 милиони евра. Ова го собори клупскиот рекорд на Енфилд, но напаѓачот кој доаѓа од Бенфика може многу добро да придонесе за големи работи и да му помогне на клубот да освојува трофеи во иднина.
Медиумите како британски „Експрес“ тврдат дека Јирген Клоп сега се насочил кон играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, а се тврди дека Германецот на раководството му рекол дека го сака по секоја цена.
Интер бара дури 90 милиони евра за еден од своите клучни играчи во средниот ред, што е навистина многу пари, но „црвените“ би можеле да најдат начин да му ја исполнат големата желба на Клоп по Нуњез.
Се споменува и можноста Ливерпул да му понуди на Интер еден играч со дополнителна цена, а медиумите уверуваат дека најблиску до тоа да биде дел од таа зделка е и Наби Кеита.