Фудбал
Јирген Клоп објави кои двајца играчи ги сака во Ливерпул
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му донесе титула на „црвените“, по 30 години чекање, а сега е подготвен да ја продолжи својата доминација на Островот.
Следната сезона би можела да биде многу интересна на Островот, ако се знае дека покрај Ливерпул и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, па дури и Арсенал подготвуваат екипи кои ќе се ботат за самиот врв.
Клоп има исклучителен тим на располагање, се чини дека нема да има премногу промени, но можни се два влезни трансфери, кои Клоп наводно ги побарал од управата.
Една од желбите е играчот од средниот ред на Баерн и поранешниот играч на Барселона, Тијаго Алкантара, кој сака да замине на „Енфилд“, но засега проблемот е обештетувањето бидејќи „црвените“ не се подготвени да платат 40 милиони евра, што е сума што ја сакаат на „Алијанц арената“. Ливерпул е подготвен да плати само 25 милиони евра.
Друга желба е 21-годишниот напаѓач на Лил, Виктор Осимен, кого Наполи се обидува да го донесе по импресивната сезона во Франција. И има висока цена, а Ливерпул нема опција да троши премногу заради кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона.