Фудбал
“Јорганџиите” загризаа за Азар
Шпанскиот гигант Атлетико (М) е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на белгискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах, Торган Азар.
Офанзивниот играч за врска го провлече вниманието на фудбалската јавност со одличните игри кои ги прикажува во дресот на второласираниот тим од Бундес лигата.
Братот на далеку попознатиот фудбалер, Еден Азар, ќе ја добие потребната дозвола за промена на клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 30 мил. евра.