Фудбал
Јошинори Муто е нов играч на Њукасл
Јапонскиот фудбалер Јошинори Муто доби работна дозвола и стана нов играч на премиерлигашот Њукасл јунајтед.
Муто доаѓа од германски Мајнц каде помина три сезони и на 66 натпревари постигна 20 голови.
– Задоволен сум што Јошинори Муто доаѓа во нашиот клуб. Го следевме подолго време. Тој ќе донесе енергија во тимот и ќе ни помогне да бидеме подобри во новата сезона, истакна тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез.
Јапонскиот фудбалер се заблагодари за довербата и наведе дека му е чест што ќе настапува за голем клуб како Њукасл.
Муто исто така е член и на јапонската репрезентација за која настапи на неодамна завршеното Светско првенство во Русија.