Connect with us

Ракомет

ЈОВИЌ: Ќе треба да го дадеме најдоброто од себе, за да имаме шанса против Цеље ПЛ

Денеска, со почеток во 19 часот, Металург ќе го одигра својот гостински натпревар со екипата на Цеље ПЛ. За силината на домашниот тим е свесен и нашиот тренер Александар Јовиќ, кој на заедничката прес-конференција пред натпреварот рече дека на Металург ќе треба да го даде најдоброто од себе, за да има шанса против Цеље..

Александар Јовиќ: “Знаеме дека Цеље има силен тим, со одлична сезона во Лигата на шампионите и во СЕХА Гаспром лигата. Ние ќе мораме да го одиграме нашиот најдобар натпревар, за да имаме шанса за поволен резултат. Но, тоа е единствениот начин да се развива и да се стане подобар. Овие натпревари можат добро да ни послужат, бидејќи можеме да стекнеме искуство и да видиме до каде сме во моментот. Се надеваме дека ќе постигнеме добар резултат против Целје“.

Филип Кузмановски: “Играме добар ракомет во текот на целата сезона, но имаме и големи осцилации во текот на натпреварите и често без потреба губиме бодови. Сепак, ние веруваме во себе и чувствуваме дека можеме да се надигруваме со секого. Цеље за нас ќе биде голем тест, пред дербито со Вардар“.

Бранко Тамше: “Не чека многу интересен натпревар против Металург, кој оваа сезона игра навистинадобар ракомет, често напаѓајќи со седум играчи. Тоа за нас е вистински предизвик, бидејќи со овој начин тие можат да реализираат многу свои цели. Тие не прават многу грешки и ние ќе мораме да најдеме начин да ги натераме да згрешат, ако сакаме да постигнеме лесни голови. Што се однесува на нас, ние мораме да ја подобриме одбраната, бидејќи во последно време не сме на потребното ниво во тој сегмент од играта и, како резултат на тоа, не сме толку опасни колку што би сакале да бидеме во транзиција, што е наша примарна цел. Ако го направиме сето тоа, се надевам дека ќе можеме да победиме и покрај фактот дека тие ќе играат без притисок, а нам, од друга страна, ни е потребна оваа победа.

Матиќ Гросељ: “Само што се вративме од Брест и немавме многу време да се подготвиме за натпреварот против Металург. Сепак, се надевам дека тоа ќе го направиме на вистинскиот начин. Темпото со два натпревари неделно е доста тешко и го зема својот данок, но ова не е изговор, ние мораме да бидеме подготвени и ментално и физички. Целта е јасна, иако тоа нема да биде лесно, но не постои друг начин да се постигнат целите што ги поставивме пред самата сезона“.