Connect with us

Фудбал

Јунајтед го раскина спонзорскиот договор со рускиот Аерофлот

Манчестер Јунајтед го раскина спонзорскиот договор со руската национална авиокомпанија Аерофлот, официјално е потврдено од Олд Трафорд.

„Поради сето она што се случува во Украина, ги повлечевме спонзорските права на Аерофлот.

Ја споделуваме загриженоста на нашите фанови ширум светот и комуницираме со оние кои се директно засегнати од овие настани“, се вели во соопштението.

Аерофлот е официјален превозник на Манчестер Јунајтед од 2013 година, а последниот договор беше потпишан до 2023 година.

Англискиот клуб не ги користел авионите на руската компанија кога во средата отпатувал за Мадрид во натпревар против Атлетико во Лигата на шампионите.

Во четвртокот, британскиот премиер Борис Џонсон му забрани на Аерофлот да работи во Обединетото Кралство.