Фудбал
Јунајтед ќе учествува во Суперлигата, но нивната ѕвезда отворено против, дали тоа значи и збогум?!
Откако беше потврдено дека Суперлигата ќе почне, стигнаа и реакции. УЕФА, ФИФА, федерации, клубови, па и самите фудбалери. Една од критиките кои се меѓу поважните е онаа на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Имено, иако „Црвените ѓаволи“ ќе бидат дел од оваа лига, тој отворено се спротивстави.
-Топка. Песна, Сон, објави поранешниот фудбалер на Олимпијакос, Даниел Поденс, сонародник и пријател на Фернандеш. Бруно ја сподели неговата фотографија на Инстаграм и јасно порача дека не му се допаѓа идејата за Суперлигата.
