Connect with us

Фудбал

Јунајтед „украде“ голем талент во последен момент!

Фудбалерот на Феенорд, Тајрел Маласија е блиску до преселба во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа договор со раководството на клубот од Ротердам, а наскоро се очекува 22-годишниот одбранбен играч да потпише договор.

Холандскиот клуб од продажбата на талентираниот дефанзивец ќе заработи 15 милиони евра плус 2 милиони потенцијални бонуси.

Англиските медиуми наведуваат и дека Манчестер Јунајтед кој од клупата ќе го предводи Ерик Тен Хејг допрва треба да ги договори личните услови од договорот со играчот за да ја заврши работата.

Клубот од Олд Трафорд „понуди подобри финансиски улов во последен момент од Лион, кој, како што беше претходно најавено, веќе постигна усмен договор со Феенорд.

Французите понудија 12 милиони евра за холандскиот дефанзивец и уште 3 милиони преку бонуси.

Малезија минатата сезона постигна гол со четири асистенции на 32 натпревари во холандскиот шампионат.