Connect with us

Фудбал

Јурт Хамрин: Шведска е подобра без Ибрахимовиќ

Подобро е Шведска што нема да игра со Златан Ибрахимовиќ, бидејќи тој често прави проблеми на теренот, смета легендарниот шведски фудбалер Јурт Хамрин кој настапуваше и во италијанската Серија А.

Вечерва „Викинзите“ ја пречекуваат Италија во првиот меч за баражот на СП во Русија, но во составот на домаќините ќе го нема најдобриот нивни фудбалери во последните 20 години, Ибрахимовиќ кој се прости од националниот тим.

Според, Хамрин, селекцијата на Шведска игра поинаку откако во тимот го нема Ибрахимовиќ.

„Можеби ќе ја нема неговата магија, но тука се други 11 играчи. Ибра игра сам за себе, а за него играат и сите останати. Факт е дека тој е најдобриот играч кој сме го имале во последните 20 години, но факт е дека тој не им дозволуваше на останатите да играат. Кога беше во форма тоа беше добро за нас, но најчесто беше далеку од посакуваната форма, барем кога играше за репрезентацијата“, смета Хамрин.

Тој сепак ги предупреди Италијанците дека не смеат да ја потценат селекцијата на Шведска.

„Шведска денеска има ти. Италија не смее да не потцени. Не заборавајте, дека ги победија Французите и ја елиминираа Холандија“, дополнува Хамрин .

Дуелот меѓу Шведска и Италија ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути.