Фудбал
Јуве конечно попушти, Калдара на пат кон Лондон
Младиот дефанзивец на Јувентус, Матија Калдара, го напушта Јувентус, но неговата кариера нема да продолжи во Милан.
За талентираниот играч, Милан се интересирал неколку недели, обидувајќи се да го откупи неговиот договор, а со тоа имаа за цел да ја надоместат потенцијалната загуба на Леонардо Бонучи, кој се повеќе се приближува кон враќање во Јувентус.
И покрај силните напори на Рососнерите да го доведат Калдара, тој кариерата ќе ја продолжи во Челзи со Маурицио Сари, а Старата дама ќе добие 40 милиони евра за трансферот.
Оваа вест е објавена од неколку медиуми во Англија и Италија, а Челзи и Јуве исто така преговараат за Даниеле Ругани, исто така стопер, како и за искусниот напаѓач Гонзало Игуаин.
На крајот, Јуве беше подготвен да го продаде Калдара, додека трансферите на Ругани и Игуаин, кои се поврзани со Милан, сè уште се под прашање.
Сега се претпоставува дека Јуве ќе преговара со Милан за Бонучи и ќе биде подготвен да го испрати Игуаин во Милан со дополнителен надоместок.