Connect with us

Фудбал

Јувентус бара партнер за Роналдо, три имиња во игра

Како што стојат работите, некогашниот тандем од Реал Мадрид, Роналдо-Игуаин не работи. Аргентинецот е во својата последна година од договорот и многу веројатно е дека ќе замине.

Тоа значи дека почнува „кастинг“ за новата „деветка“ на Јувентус. Според информациите од Италија, спортскиот директор Паратиќи има три имиња.

Првото е Икарди, тоа не е тајна, а Јуве ќе се обиде да стори се за да го натера ПСЖ да го откупи од Интер, а потоа да им го продаде на нив. За ваква зделка Јуве е подготвен на францускиот тим да им го продаде Миралем Пјаниќ по поволна цена.

Втората мета е Габриел Жезус од Манчестер Сити, сепак тешко е да се верува дека Пеп Гвардиола ќе се одлучи да го пушти младиот напаѓач кој се повеќе прераснува во одличен фудбалер.

Третата солуција, а се чини и најлесна за купување, иако тука се во игра Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул, е Тимо Вернер од Лајпциг.

Во секој случај Јувентус следната сезона ќе изгледа поинаку, наводно ќе бидат „жртвувани“ Бернандески, Пјаниќ, Кедира, Даглас Коста, а прва мета секако е Пол Погба.