Connect with us

Фудбал

Јувентус дојде до нова победа, но Роналдо ќе почека на дебитантскиот гол

Јувентус на овој натпревар против Лацио ја имаше фаворитската улога, а на крајот ја оправда и запиша нови три бода.

Кристијано Роналдо и денеска не успеа да постигне гол во дресот на „Бјканконерите“. Португалецот имаше неколку добри шанси, но на крајот Португалецот не успеа да постигна гол.

Затоа на мајсторски начин успеа да погоди Миралем Пјаниќ кога во 30. минута од натпреварот погоди за водство на „Старата дам“ од 1:0.

Овој резултат на семафорот се задржа се до 75. минута. Упатената топка кон Роналдо со врвот на прстите ја зафати голманот Стракоша, доволно за да ја тргне од неговите нозе, но тука беше Марио Манџукуќ кој погоди за 2:0.

Овој резултат до крајот остана непроменет и Јуве стигна до нови три бода.