Connect with us

Фудбал

Јувентус донесе ново засилување

Јувентус ова леето беше доста активен на трансфер пазарот, а очигледно во Јувентус се уште не ја завршиле работата околу нивните засилувања.

Како што пренесуваат француските медиуми Јувентус договори уште едно засилување, а прашање е 18 напаѓач Кевин Монциало кој игра за Каен. „L’Equipe“ утрово објави дека Јуве и Каен постигнаа договор околу младиот напаѓач кој кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб.

Монциало уште вчера беше виден во тренинг кампот на „Старата дама“ каде тренираше со резервниот тим на шампионот на Италија. Кен се обиде да потпише професионален договор со Монциало кој пред неколку недели наполни 18 години за да заработата повеќе од овој трансфер, но сепак не успеаа во тоа.

Овој 18-годишен напаѓач одушеви многумина во Каен со својата игра, но и во младинските селекции во репрезентацијата на Франција. Со Јувентус ќе го потпише првиот професионален договор во кариерата, а наводно соработката со „Старата дама“ ќе трае до 2021. година. Прво ќе биде дел од јуниорскиот тим на „Старата дама“, но се очекува за кратко време да добие шанса за настап во првиот тим.