Connect with us

Фудбал

Јувентус го договорил најголемото засилување за летото?

Јувентус направи одличен зимски преоден рок, но веќе го подготвува теренот за летниот трансфер пазар.

Со доведувањето на Душан Влаховиќ и Денис Закарија, Старата дама доби засилување онаму каде што беше најпотребно, во нападот и во средниот ред.

Според најавите од Италија, „Бјанконерите“ веќе влегле во фаза на нов звучен трансфер кој ќе ги потресе Апенините.

Имено, Јувентус е повеќе од сериозно заинтересиран за Николо Заниоло, 22-годишниот играч од средниот ред на Рома, кој е познат како еден од најдобрите млади играчи во Серија А.

На тренерот Макс Алегри многу му се допаѓа Италијанецот и неговото доведување ќе биде еден од приоритетите за летниот преоден рок.

Разговорите меѓу Јувентус и агентот на Заниоло започнаа уште во декември, а следниот чекор ќе биде како да се убеди Рома да го продаде својот капиталец.

Дека нешто се случува потврдува и изјавата на директорот на Рома, Тиаго Пинто на прашањето за иднината на младиот Заниол.

Не можам да гарантирам дека Заниоло ќе игра за Рома следната сезона, не можам јас и никој не може“, изјави Пинто.

Инаку, Заниоло во минатото имаше доста проблеми со повреди и не успева да игра во континуитет. Неговиот договор со Рома истекува во 2024 година и засега нема индикации за продолжување на соработката.