Connect with us

Фудбал

Јувентус и Милан договорија размена на играчи, во која е вклучен и Бонучи?

Италијанските медиуми објавија дека Леонардо Бонучи се приближува кон враќањето во Јувентус по само една сезона во Милано.

Бонучи одлучи да го напушти Јуве минатото лето, но ги разочара навивачите на овој клуб со одлука да ја продолжи кариерата во дресот на лутиот ривал, Милан. Сепак, навивачите на Старата дама останаа во шок кога се појави информација дека Бонучи може да се врати во клубот од Торино.

„Sky Sports Italia“ вечерва објави дека Милан и Јуве веќе се во контакт и дека се обидуваат да организираат трансфер. Наводно, Росонерите им предложиа, Јуве во спротивна насока да го испрати, Матија Калдара и одредена сума пари за Бонучи, што е примамливо за Старата дама.

Од Јувентус рекоа дека тоа е интересен предлог, но дека ќе се согласат на размена само ако биде чиста размена Бонучи-Калдара, без дополнителен надомест.