Фудбал
Јувентус и Милан подготвуваат размена на играчи
Според италијанските медиуми Јувентус и Милан по завршувањето на оваа сезона ќе направат размена на играчи. Во неа треба да учествуваат Федерико Бернандески, кој ќе се пресели во Милано, а во спротивна насока новодно треба да дојде дефанзивецот Алесио Ромањоли.
„Старата дама“ сака замена за Киелини, па Ромањоли според нив е вистинското решение, а Милан наводно е подготвен за преговори. Во разговорите ќе биде вклучен и супер агентот Мино Рајола кој ги застапува двата фудбалери.