Connect with us

Фудбал

Јувентус и Реал Мадрид подготвуваат размена

Според италијански „Калчиомеркато“ Јувентус и Реал Мадрид подготвуваат размена на играчи. Имено, голема желба на кралскиот клуб е Пауло Дибала, кој сезонава не блеска во дресот на Јувентус. Познато е дека Зинедин Зидан се обидуваше да го донесе во своите редови.

Кај Пирло не е во преден план, има договор до 2022 година, па можеби Аргентинецот би прифатил да се пресели во Мадрид.

Во спротивна насока би дошол Иско. За него нема место во стартната постава на Реал Мадрид, а Зинедин Зидан нема баш премногу доверба во него.  Токму Иско, но и Винициус беа желба на Јувентус во летниот преоден рок, па наводно двата тима наскоро би можече да седнат на преговарачка маса. Каков ќе биде исходот, останува да видиме.