Connect with us

Фудбал

Јувентус ја договорил италијанската ѕвезда

Многу е веројатно ѕвездата на Фиорентина и италијанскиот фудбал Федерико Киеза да ја продолжи кариерата во Јувентус. Како што пишуваат италијанските медиуми „Старата дама“ постигнала договор со фудбалерот околу личните услови, но проблем ќе биде Фиорентина. Тие повеќе сакаат Киеза да го продадат на Интер или Манчестер Јунајтед, отколку да го испратат во Торино.

Доколку биде постигнат договор помеѓу двата клуба, Фиорентина ќе добие 60 милиони евра, а младиот фудбалер во Торино ќе заработува пет милиони по сезона.