Connect with us

Фудбал

Јувентус ја совлада Парма, Роналдо се уште без гол

Актуелниот Италијански првак Јувентус ја совлада екипата на Парма со резултат од 2:1.

Јувентус дојде и до третата победа во третото коло, но имаше доста проблеми против Парма, кој настојуваше пред своите навивачи да освои барем еден бод.

Сепак, Јуве рано дојде до водство, затоа што веќе во втората минута Марио Манџукиќ постигна гол за водство на „Старата дама“.

Парма успеа да се врати во 33. минута, кога Жервињо постигна гол за 1:1, а тоа беше и резултатот на полувремето.

Во вториот дел Јуве доаѓа до погодок кој на крајот му овозможува и победа. Тоа се случи во 58. минута кога Манџукиќ му додаде на Матуиди кој ја затресе мрежата на домашниот тим.

Кристијано Роналдо се уште чека на првиот гол во дресот на новиот клуб.