Connect with us

Фудбал

Јувентус ќе гради уште еден стадион

Јувентус е првиот клуб во Серија А кој игра на сопствен стадион откако во 2011 година ја отвори Алијанц арената со капацитет од 46 илјади места.

Раководството на Јувентус има намера да започна со изградба на нов стадион, пренесуваат медиумите во Италија.

Тој ќе биде наменет за другите екипи како Б-тимот, женскиот клуб и младинските екипи кога треба да играат важни натпревари.

Со овој потег, Јувентус уште еднаш покажа дека моментално е најмоќниот тим во италијанската Серија А.