Connect with us

Фудбал

Јувентус ќе му понуди нов договор на Буфон

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, најверојатно ќе добие нов договор од Јувентус, објавија италијанските медиуми.

Многу е веројатно 39-годишниот чувар на мрежата да остане да брани уште една сезона.

Буфон истакна дека најверојатно ќе ја продолжи кариерата ако тимот победи во Лигата на шампионите. Во овој случај, старата дама ќе учествува на Светскиот клупски шампионат, а Буфон сака да биде дел од овој турнир.

Дури и ако стави крај на професионалната кариера, Јувентус планира да му понуди на својата легенда улогата на директор или позиција во стручниот штаб.