Connect with us

Фудбал

Јувентус ладнокрвно му порача на Суарез дека нема ништо од трансферот

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе продолжи да го носи дресот на Барселона и следната сезона, така што нема ништо од одење во Јувентус.

Пред неколку недели, Роналд Куман му порача на Суарез дека не смета на него, што ја изненади јавноста. Уругваецот побара раскин на договорот за да го напушти клубот како слободен агент, но на крајот не постигна договор со Барселона.

Сега е јасно дека Суарез ќе остане во Барса уште една сезона додека трае неговиот договор, а тој ќе може да се пресели во друг клуб следното лето без обештетување. Суарез ова лето сакаше да замине во Јувентус, па преговараше со Старата дама, но на крајот не успеа.

Уругваецот се обиде на секој начин да го раскине договорот со Барса и да се пресели во Јуве, а кога виде дека нема ништо од тоа, побара од Јувентус да го плати обештетувањето што го бара каталонскиот клуб.

Сепак, како што пишува утрово Мундо Депортиво од Јувентус, тие веднаш одбиле, и по новите повици од Суарез и неговиот агент, тие решиле јасно да му кажат на Уругваецот дека Един Џеко е нивниот прв избор и дека се откажале од него.