Connect with us

Фудбал

Јувентус мора да го смени своето име и грбот

За да избегне тужба, клубот од Букурешт од следната сезона ќе се вика Колентина, а веројатно ќе се откаже и од грбот кој е идентичен со една разлика во боите кои се сина и бела.

Букурешки Јувентус е основан во 1992 година кога од финансиски причини беше споен со Ромцо и Триумф.

Од гигантот од Торино го ископирале дури и прекарот, па клубот од Букурешт се викал и Старата дама од Колентина.

Јувентус од Букурешт во минатата сезона направи изненадување во својата дебитантска сезона во Лига 2, бидејќи веднаш ја освои и се пласираше во највисок ранг.

Меѓутоа, најверојатно брзо ќе се врати таму бидејќи моментно е последен во Лига 1.

Извор: Sport 1