Connect with us

Фудбал

Јувентус му нуди нов договор на Манџукиќ

Како што пишуваат италијанските медиуми, челниците на Јувентус му понудиа нов договор на Марио Манџукиќ.

Со оглед на тоа што во последниов месеци се шпекулираше дека поради енормното телесно исцрпување хрватскиот фудбалер ќе се збогува од Јувентус, шансите за да дојде до тоа се минимални, затоа што сега е се поблиску до продолжување на договорот.

Бјанконерите не сакаат да го загубат Манџукиќ и со неговите застапници веќе започнаа преговорите околу новиот договор, според кој во Јувентус би останал уште една, дополнителна година, а наводно би добил и нешто поголема плата во однос на сегашната.

Со продолжувањето на соработката, клубот од Торино воедно би го „оладил“ Манчестер Јунајтед чии челници исто така се заинтересирани за Манџукиќ.

„Марио е неверојатен, го сакам како играч“, неодамна рече претседателот на Јувентус Андреа Ањели.

Досега Манџукиќ одиграл 139 натпревари за Старата дама, а постигна 38 голови и 20 асистенции, а вкупно освои и седум трофеи.