Connect with us

SPORTM.mk

Јувентус му понуди нов договор на Кристијано Роналдо

Торинскиот Јувентус наводно му понудил продолжување на соработката на Кристијано Роналдо.

Според Тутоспорт, управата на актуелниот италијански шампион ќе му понуди на Португалецот нов договор до летото 2023 година, односно една година подолг од сегашниот.

Актуелниот договор на Роналдо истекува во јуни 2022 година. Иако утре ќе наполни 36 години, Кристијано сепак е навистина феноменален и Јувентус има намера да го задржи уште две години и да гради тим околу него.

Одлуката секако ќе ја донесе Кристијано, кој заработува околу 30 милиони евра годишно во Торино, а понудата за пари веројатно нема да се промени премногу.

Кристијано е феноменален оваа сезона. Одигра 23 натпревари во сите натпреварувања, постигна 22 гола и забележа три асистенции.

Вкупно, тој играше 113 пати во дресот на Јувентус и постигна одлични 87 погодоци.