Connect with us

Фудбал

Јувентус му порача на Роналдо, имаш една недела да се вратиш во Торино

Раководството на Јувентус даде рок на Кристијано Роналдо и останатите „странци“ да се вратат за една недела во Торино, односно најдоцна до 19-ти април, пишува „Република“.

Пораката „Старата дама“ им ја испратила пред неколку дена, а од понеделник играчите треба да се во Торино, каде ќе започнат двонеделна изолација, како што налагаат италијанските власти.

Освен Роналдо, треба дасе вратат Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.