Фудбал
Јувентус носи играч на кого Милан не му веруваше
Добрите деловни односи меѓу Јувентус и Сасуоло би можеле да продолжат.
Тешко е да се прбројат фудбалерите кои изминативе години заминале од еден клуб во друг, а сега 22-годишниот Мануел Локатели, кој обезбедува одлични игри во Серија А оваа сезона, би можел да оди од Сасуоло во Јувентус.
Медиумите во Италија пишуваат дека Бјанконерите сериозно „имаат намера“ да го доведат Локатели во своите редови и дека веќе се водат преговори, но проблемот е во тоа што денес Сасуоло бара двапати повеќе отколку што го купи од Милан минатото лето.
„Во Сасуоло воопшто не се наивни. Бараат 25 милиони евра за Локатели“, пренесуваат италијанските медиуми.
Наводно, Јувентус има и еден адут до ракавот со кој може да ја намали таа цена. Ханс Николуси, кој во моментов е на позајмица во Перуџа, би заминал во Сасуоло како дел од тој трансфер.
Локатели во минатото се сметаше за голема надеж на Милан. Се веруваше дека тој ќе биде нова sвезда, но на крајот не ја доби шансата за која се надеваше и отиде во Сасуоло на позајмица за „зајакнување“, што во меѓувреме го откупи.