Connect with us

Фудбал

Јувентус прв пат после седум години без „BBC“

Прв пат после седум години, Јувентус ќе биде без ниту еден член на легендарната последна линија, Барзаљи, Бонучи, Кјелини.

Тренерот Алегри се најде во голем проблем поради повредите, па така во вечерашниот дуел со Парма ќе мора да влезе без комплетната „BBC“ тројка.

Трерба да додадеме дека оо 2012. година шест пати се случило некој да не биде во стартниот состав, но ова е прв пат после седум години сите тројца да бидат надвор од конкуренција.

Последниот натпревар во кој за Јувентус не настапуваа тројцата одлични дефанзивци беше оној против Џенова 11. март 2012. година. Кјелини и Барзаљи беа повредени, а Бонучи беше суспендиран.

Тогаш последниот ред на Јувентус го сочинуваа Лихштајнер, Касерес (кој се врати во „Старата дама“), Де Чеље и Артуро Видал кој беше поместен на штоперска позиција.

Познато е дека во меѓувреме Бонучи замина во Милан и се врати, но тогаш Алегри можеше да смета на два играчи од „BBC“ тројката.