Connect with us

Фудбал

Како Чави ги замолкна вообразените ѕвезди на Барселона: „Направете го тоа и не мора да патувате во Австралија“

Во првата сезона на клупата на Барселона, Чави заврши на второто место во шпанската Примера, зад Реал Мадрид.

Тоа беше сезона полна со искушенија за шпанскиот стручњак.

Еден од проблемите со кои Чави мораше да се справи беше несигурната финансиска состојба на Барселона во моментот и незадоволството на играчите од неа. Каталонскиот клуб мораше да се жртвува за да остане конкурентен, а ѕвездите на клубот имаа малку „погрешен нос“.

На крајот на мај, од Барселона беше побарано да одигра пријателски натпревар во Австралија, против тимот составен од најдобрите играчи во тамошната лига.

Каталонците за 90 минути од шоуто инкасираа ни помалку ни повеќе туку 5 милиони евра, но играчите на Чави не сакаа да одат на толку долг пат. Се разбира, на незадоволство на Чави.

„Ние ја играме оваа игра за да и помогнеме на Барселона да ни ги плати платите. Ако не сакате, ставете пет милиони евра на маса, од свој џеб, ќе ги однесам кај претседателот и нема да одиме повеќе во Австралија“, рече Чави во пораката до своите играчи.

Јасно како ден, играчите не се согласија на тоа и завршија во авион на далечен континент.

Натпреварот конечно се одигра во Сиднеј пред повеќе од 70.000 луѓе, а Барселона ја победи А-лигата Ол Старс со 3-2, благодарение на головите на Усман Дембеле, Адам Траоре и Ансу Фати.