Connect with us

Фудбал

Како да не одел на училиште: Заработува 360 илјади неделно, а пред карта се посрамоти! (ВИДЕО)

Не е тајна дека модерните фудбалери кои заработуваат многу и не се премногу образовани. Меѓутоа, незнаењето основни работи понекогаш е навистина загрижувачко.

Кога одите на училиште, една од основните работи што ги учите е картата на вашата земја и локацијата на вашиот роден град, но за некои тоа е обично занемарлива работа. Џек Грилиш, кој минатото лето беше платен 100 милиони евра, се посрамоти кога побараа на картата да покаже од каде доаѓа во Англија.

Џордан Хендерсон од Ливерпул и Конор Коади од Вулверхемптон се обидоа да му помогнат, но кога Грилиш ја виде мапата, тоа беше премногу за него …

„Што? Тоа е Англија?“, рече Грилиш и замина, велејќи дека нема шанси да го најде Бирмингем.

Очигледно е дека офанзивниот играч за врска многу подобро ја познава фудбалската игра од некои елементарни работи што се учат во основно училиште.