Connect with us

Фудбал

„Како дете живеев во камп приколка, Ибрахимовиќ ми рече дека ќе ми ги скрши нозете кога ќе ме види“

Пензионираниот холандски фудбалер Ван дер Варт во интервју за странски медиум откри неколку детали од својата кариера.

За почеток, Ван дер Варт раскажа дека како дете живееше во камп приколка, но не поради тоа што неговите родители биле сиромашни, туку затоа што сакаа повозбудлив начин на живот, па тој имаше среќно детство.

„Пораснав во камп приколка и тоа за мене е нормален живот. Имав прекрасно детство. Лугето мислат дека таквиот начин на живот се поврзува со сиромаштија, но не е така. Моите родители повеќе не живеат во приколка затоа што им купив куќа кога го потпишав првиот договор со Ајакс“, реча Ван дер Варт, па се осврна и на односот со Ибрахимовиќ со кој своевремено ја делеше соблекувалната во Ајакс.

Некогашниот играч од средниот ред на Реал Мадрид и Тотенхем кажа дека со Златан никогаш не бил во добри односи и дека Швеѓанецот во една прилика му рекол дека ќе му го скрши нозете.

„Да, Вистина е, еднаш ми рече дека ќе ми ги скрши нозете кога ќе ме види. Но, Златан тоа му го кажуваше на сите. Вистина е тоа дека не се сложувавме, но повеќе би играл во тим со искрени играчи како што е тој, па макар тоа би значело и дека ќе има караници. Немаше некој посебен момент кога сме имале конфликт, но едноставно не се сложувавме“, рече Ван дер Варт.