Connect with us

Фудбал

Како гром од ведро небо, Јувентус завршува големо засилување од Барселона

Шпанските медиуми веќе извесно време пишуваат дека Мемфис Депај ова лето дефинитивно ќе ја напушти Барселона.

Каталонски Спорт пренесува дека Јувентус е во потрага по втор напаѓач кој ќе го замени Влаховиќ, а на листата на желби го додаде и Мемфис, кој е на турнеја со Барселона во САД. Холанѓанецот го чека враќањето од турнејата за да ја среди својата иднина.

Депај пристигна како слободен играч од Лион пред една година и имаше прилично добра сезона во Барселона иако имаше проблеми со повреди во вториот дел.

Сепак, откако Барселона го доведе Роберт Левандовски, стана јасно дека еден од напаѓачите мора да го напушти клубот. Како што стојат работите Депај ќе биде тој што ќе ја напушти Барса.

Со неговото заминување, бројот девет ќе му припадне на Левандовски, кој во клубот едвај чека да почне да ги продава дресовите на полскиот напаѓач.

Депај беше поврзуван со неколку клубови, но каталонски спорт утринава објави дека Јувентус е единствениот кој направил конкретен потег и покажал голем интерес за доведување на Холанѓанецот.