Фудбал
Како гром од ведро небо: Вилијан избра клуб кој никој не го очекуваше
Бразилскиот фудбалер Вилијан очигледно ќе го напушти Челси на крајот од оваа сезона.
Договорот на Вилијан истекува на крајот на сезоната, а тој сепак треба да го одигра повратниот натпревар од осмина финалето на Лигата на шампионите против Баерн, а како што стојат работите, тој ќе се збогува со дресот на лондонскиот клуб.
За Вилијан и Челси се шпекулира дека преговараат за нов договор, но се чини дека веќе нема ништо од тоа. Бразилецот е поврзан со многу клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Но, „Гардијан“ денес пишува дека Вилијан најверојатно ќе направи трансфер што никој не го очекуваше. Наводно, овој 31-годишник е на еден чекор од потпишувањето договор со Арсенал, што е сигурно изненадување за сите.
Тие само чека на Вилијан официјално да стане слободен и како што стојат работите, тој ќе остане во Лондон, но ќе го носи дресот на Арсенал во иднина. Челси има шанса да го расипе сето тоа и да ги понуди услови за договорот што го бараше Вилијан.
Chelsea are expecting Willian to join Arsenal on a free transfer at the end of the season.
The 31-year-old winger is set to become a free agent in August, and he has yet to accept Chelsea's offer a new contract.
(Source: Guardian) pic.twitter.com/NcRPDiGNe6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 28, 2020